Талески: Алжир има сè на своја страна, но ние сме подготвени за борба

Младинската репрезентација на Македонија вечерва го игра осминафиналниот натпревар на Мундијалот во Алжир против домаќинот. Африкански противник, домаќин, евентуално фаворизирање од страна на судиите, голем број на навивачи…против се ќе треба да се борат нашите младинци предводени од капитенот Филип Талески.

„Тоа што го зацртавме пред доаѓањето овде го остваривме, завршивме на второто место и се изборивме за осминафинале. Алжир на сите мечеви од групната фаза покажа дека се работи за квалитетна селекција, одигра реми против силната Хрватска. Тие ќе ги имаат сите фактори на нивна страна, полна сала, многубројни навивачи, но сепак ние ќе издржиме се и подготвени сме на бескомпромисна битка.“ – вели Талески.

Мечот меѓу Алжир и Македонија се игра вечерва со почеток во 21:45 часот.