Таа е пикер, но постигнува голови “ала Дибиров” ! (ВИДЕО)

Во рамките на полуфиналниот натпревар од францускиот плеј-оф во женска конкуренција, екипата на Ница успеа да остане непоразена во дуелот со Мец (21-21). Потегот на натпреварот несомнено и припадна на бразилската пивотменка од редовите на Ница, Переира Да Силва Роча, која по една украдена топка се најде прва во контра и постигна фантастичен погодок од за неа невообичаената крилна позиција. Роча покажа одлична техника и во манир на најдобрите светски крила, со удар од дланка го совлада противничкиот голман.
Прекрасниот погодок на бразилката, погледнете го на видеото подоле.


La magnifique roucoulette de Samira Rocha avec… by LFH