Суслина ја пропушта групната фаза: Искусната голманка замина на операција на менискусот!

По Андреа Лекиќ и искусната голманка во редовите на Вардар мораше да замине на операција на менискусот. Лекиќ е пред враќање во составот на „црвено-црните“ откако на средината на септември имаше интервенција на коленото во Србија, затоа пак Суслина својот камбек ќе го очекува по Новата година за кога се закажани дуелите од главната фаза на елитното натпреварување.

Хируршкиот зафат беше извршен денеска од доктор Улрих во болницата во Аугзбург, Германија. Подолго време Суслина имаше проблеми со менискусот, па во консултација со докторите и управата беше решено, тој проблем што е можно побрзо да се санира. Периодот на рехабилитација и враќање на теренот би требало да биде меѓу 6 и 8 седмици.

Вардарки на таа позиција имаат две одлични опции француската репрезентативка Амандин Лејно и бразликската голманка Маиса Песоа па отсуството на Суслина нема значајно да ги промени плановите на тренерскиот тим. Суслина се очекува да биде подготвена за главната фаза на Лигата на шампионите.