Суслина ја има една од најдобрите одбрани во ЛШ (ВИДЕО)

Вардар триумфираше во Германија кај Турингер со 29:21 во второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите продолжувајќи ја добрата серија. Вардаровите голмани имаа заедно 15 одбрани на натпреварот.

Една одбранета топка во второто полувреме на Ина Суслина беше избрана во ТОП 5 на колото. Руската интернационалка имаше и одбранети пенали, зицери и на моменти ги излудуваше противничките играчи. Најдобрите пет одбрани на колото можете да ги видите ТУКА.