Суслина и Хмирова едногласни: Не ја посакувавме единствено екипата на Будуќност!

По ждрепката која ги одреди полуфиналните двојки во Лигата на шампионките, на првиот натпреварувачки ден во Будимпешта ќе се сретнат екипите на Вардар и Будуќност. За многумина тоа е финале пред финалето, а свое видување за исходот од ждрепката дадоа двете русинки во таборот на „црвено-црните“, Ина Суслина и Татјана Хмирова:
Ина Суслина, голман на екипата на Вардар:
Единствената екипа која не ја посакував беше Будуќност, како и минатата година ќе биде тежок натпревар, не се плашиме, имаме доволно време да се подготвиме и да го дадеме максимумот.
Татјана Хмирова, ракометарка на екипата на Вардар:
Не сакав да се паднеме единствено со екипата на Будуќност, а го посакував Динамо, минатата година изгубивме, но оваа година имаме поквалитетна екипа и одиме на победа.