Суслина брани и во трк (ВИДЕО)

Вардарки триумфално ја започнаа новата сезона во Лигата на шампионите, откако на домашен терен беа подобри од ФТЦ со 34:31, иако можеа да слават и многу поубедливо. Голманките Лејно и Суслина во текот на мечот имаа свои моменти.

ФТЦ беше во контра преку Фалувеги, а искусната Русинка се враќаше на голот на Вардар. Сепак тоа не и беше проблем да го скроти ударот на десното крило на унгарскиот тим, а ЕХФ за тоа ја награди со место во ТОП 5 одбрани на колото. Погледнете ги ТУКА