Супер машка лига: Три пресметки, неизвесноста секаде во игра

По вчерашното отворање на сезоната на дуелот меѓу двете екипи на Металург денеска се предвидени три нови средби од 1. коло во Супер машката лига, а од нив две се во Скопје и една во Радовиш.

Денот го отвораат Работнички и Струга во СРЦ „Кале“. Натпревар на кој силите ќе ги одмерат две екипи кои преку баражите обезбедува пласман во Супер лигата во последните две години. Составите се изменети и кај двете екипи и затоа ова ќе биде максимално интересна средба.

Сигурно ќе биде интересно и на вториот дуел во Скопје. Пролет и Охрид исто така со промени во составите ќе се обидат да покажат дека се одлично подготвени за стартот на сезоната. Тие и лани играа во 1. коло, но сега ситуацијата е поинаква. Охрид е многу посилен и сигурно денеска ќе се обиде да изненади. Пролет, пак, во последен момент доби засилување во поранешен ракометар на Вардар и репрезентативец на Македонија така што и понатаму ќе има што да покаже.

Што се однесува до дуелот во Радовиш меѓу истоимениот тим и Вардар јуниор сигурно нема да биде воопшто лесно за гостите. Тимот е помлад во однос на лани и изменет, а радовишани се засилени. Домашните се фаворити на хартија, но натерен ќе се види кој може повеќе.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, 1. КОЛО

МЕТАЛУРГ 2 – МЕТАЛУРГ       30:37 (12:20)

Кофиловски 10, Николовски 6, Митиќ 4 – Поповиќ 8, Кондев 7, Јагуриновски 7

САБОТА, 7 СЕПТЕМВРИ

13:00ч

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА

Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

19:00ч

ПРОЛЕТ 62 – ОХРИД

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

РАДОВИШ – ВАРДАР ЈУНИОР

Сала: СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

ВТОРНИК, 10 СЕПТЕМВРИ

ПЕЛИСТЕР – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Сала: „Боро Чурлевски“ од Скопје. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Петре Климкаров од Велес.