Супер машка лига: Се издвоија четири екипи во битката за плеј-оф

Битката за првите четири места во Супер лигата кои водат во плеј-оф разигрувањето во кое напролет ќе се вклучат и Вардар и Металург полека се разгорува, а во моментов четири екипи се издвоија според бројот на бодовите.

Сепак, најдобрата ситуација ќе биде позната откако ќе бидат одиграни и следните две кола бидејќи засега Пролет и Варадр јуниор имаат по натпревар повеќе бидејќи уште не биле слободни.

Според она што досега го прикажаа двете екипи од Битола, Охрид и Пролет се најблизу до плеј-офот, но Борец и Радовиш ќе се обидат да се вклучат во битката за првите четири места така што уште не е решено ништо и допрва ќе има надигрување.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО

ПРОЛЕТ – РАДОВИШ            23:17

БОРЕЦ – ОХРИД         20:26

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР ЈУНИОР         34:23

ПРИЛЕП – Е. РАБОТНИК       14:19

МЕТАЛУРГ 2  беше слободен