Супер машка лига: Радовишани без право на грешка во Прилеп

Со натпреварите кои денеска и утре ќе се одиграат во Скопје, Прилеп, Велес и Битола ќе биде затворен првиот дел од сезоната во Супер машката лига. Екипите го играат 9. коло, а со тоа доаѓаат на средина од шампионатот во кој девет екипи се борат за четири места кои напролет ќе водат во плеј-оф разигрувањето за титулат.

Дерби дуелот се игра утре меѓу Пелистер и Охрид, но денешните дуели нема да бидат ништо помалку интересни бидејќи очекувањата се да има интересни пресметки.

Работник доаѓа во Скопје кај Вардар јуниор како фаворит, но сигурно е дека „црвено-црните“ ќе се обидат да влезат во мечот со максимум од силите и да ги намачат битолчани.

Прилеп нема право на грешка против Радовиш и ќе мора да се бори да го изненади својот противник доколку сака да остане подалеку од дното. Радовишани, пак, при нов кикс ќе се одалечат од 4. позиција што значи дека се под поголем притисок.

Борец е домаќин на Металург 2, а тоа е натпревар во кој домашната екипа е комплетен фаворит и затоа тука предноста оди за велешани, но ќе мора да се одигра максимално ангажирано доколку се саат сите три бода. „Металурзите“ покажаа дека се цврст тим кој знае што сака и сигурно дека ќе се оди и денеска без штедење.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, 9. КОЛО

СРЕДА, 15 НОЕМВРИ

ВАРДАР ЈУНИОР – Е. РАБОТНИК            18:30ч

Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ПРИЛЕП – РАДОВИШ   19:00ч

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Драги Папуџиев од Скопје.

БОРЕЦ – МЕТАЛУРГ 2   19:30ч

Сала: Гемиџии во Велес. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Драган Начевски од Скопје.

ЧЕТВРТОК, 16 НОЕМВРИ

ПЕЛИСТЕР – ОХРИД      18:30ч

Сала: „Младост“ во Битола. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Петре Климкаров од Велес.

ПРОЛЕТ е слободен