Супер машка лига, плеј-оф: Завесата спуштена, Вардар никогаш потесно до новиот трофеј

Со вчерашното комплетирање на плеј-оф сезоната веќе е познат и дефинитивниот пласман на тимовите од 1. до 6. место во Супер машката лига. Тимот на Вардар е нов шампион и тоа е познато уште од 21 мај кога вардарци го совладаа Еурофарм Работник.

Битолчани се пласираа на 2. место само поради послабиот меѓусебен дуел со Вардар. И тие имаат 24 бода после десетте одиграни кола во плеј-офот.

Место во европските купови има и за Металург и Бутел Скопје, додека Пелистер и Пролет на крајот останаа без шанса да излезат во Европа.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ

РЕЗУЛТАТИ ОД ПОСЛЕДНО, 10. КОЛО

МЕТАЛУРГ – ВАРДАР    32:29

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – БУТЕЛ СКОПЈЕ    43:30

ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ     36:27