Супер машка лига: Пелистер беше слободен, но остана прв

Со одигрувањето на 6. коло во Супер машката лига веќе нема тим без пораз. Охрид загуби во дербито против Пролет и тоа на домашен терен така што остана без важни бодови, а тоа беше и прв пораз сезонава.

Колото беше комплетирано вчера кога Прилеп успеа да освои бодови во Скопје кај Вардар јуниор, а веќе има и поместувања на табелата. Во ова коло Пелистер иако беше слободен успеа да ја зачува лидерската позиција.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО

Е. РАБОТНИК – ГРК БОРЕЦ        31:24

РАДОВИШ – МЕТАЛУРГ              24:24

ОХРИД – ПРОЛЕТ                           19:21

ВАРДАР ЈУНИОР – ПРИЛЕП       17:25

ПЕЛИСТЕР беше слободен