Супер машка лига: Охрид и Пролет го минаа Работник

Со победата од 25:17 на Пелистер против Е. Работник во пресметката за Битола дојде до задржување на лидерското место на табелата од страна на далеку постариот тим којшто го имаат битолчани со што само беше потврдено кој во моментов господари со градот каде што некогаш беше центарот на ракометот во Македонија.

Поместувања имаше од 2. до 4. позиција со оглед на тоа што Охрид и Пролет забележаа победи и го поминаа тимот на Е. Работник така што дојде до напредување на тимовите од Скопје и од Охрид, па сега табелата е поинаква.

До крајот на првиот дел од сезоната има уште едно коло, но ќе има уште натпревари есенва таква што после одигрувањето на следните средби ќе биде направен само пресек на сработеното, а ќе се играат уште дуели до крајот на 2017 година.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 8. КОЛО

МЕТАЛУРГ 2 – ПРОЛЕТ         29:33

РАДОВИШ – БОРЕЦ   25:21

Е. РАБОТНИК – ПЕЛИСТЕР    17:25

ОХРИД – ПРИЛЕП      30:28

ВАРДАР ЈУНИОР беше слободен