Супер машка лига: Ивица Илиев ја зголеми предноста кај стрелците

Ракометарот на Борец, Ивица Илиев ја зголеми предноста на врвот на Листата на стрелците откако беше ефикасен во 9. коло и против Вардар јуниор реализираше дури 14 гола. Тој беше убедлив и на тој начин се избори за убедлива предност во однос на своите конкуренти.

Мајиќ кој долго беше прв попушти во последните две кола, па тоа го остави на осум голови зад лидерот, а далеку се и другите ракометари коишто досега беа во трка за првото место.