Супер машка лига: Ден за градски дуели во плеј-офот

Во 8. коло од плеј-офот во Супер машката лига распоредот носи три градски дуели на кои има фаворити.

На скопските дуели домашните екипи влегуваат со предност. И Вардар и Металург очекуваат потврда на улогата на фаворити. Може да се очекуваат возбудувања во Автокоманда иако е сосема извесно дека ќе биде тешко за Пролет да изненади.

Затоа, пак, во Битола ќе има ново надигрување меѓу Пелистер и Еурофарм Работник, а „фармацевтите“ влагаат во мечот со предност со оглед на тоа што се во далеку подобар ритам, но и многу подобра форма од својот ривал.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ

ДВОЈКИ ЗА 8. КОЛО

САБОТА, 18 МАЈ

12:00ч

ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

МЕТАЛУРГ – ПРОЛЕТ 62

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

18:30ч

ПЕЛИСТЕР – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегати: Русе Наумовски и Душко Камишевски од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Вардар 18 бода (205:173, – 1 меч); 2. Еурофарм Работник 15 (194:152, -1 меч); 3. Металург 12 (209:217); 4. Бутел Скопје 6 (191:197); 5. Пролет 6 (180:212); 6. Пелистер 3 (194:222).