Супер машка лига: Денеска дерби дуели на три места

После паузата за ЕХФ-неделата продолжува сезоната во Супер машката лига каде што денеска ќе се одиграат сите средби од 7. коло.

На програмата се четири интересни дуели меѓу кои се очекува да има неизвесност во Прилеп, Скопје и Велес. Пелистер е фаворит против Вардар јуниор, но на другите средби сигурно нема да биде воопшто лесно и ќе има надигрување.

Никој на терените во Прилеп, Скопје и Велес не може предвреме да си ги впише бодовите така што останува денеска да се види кој тим работел подобро за време на минатите две недели.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, 7. КОЛО

САБОТА, 4 НОЕМВРИ

ПРИЛЕП – Е. РАБОТНИК              18ч

Сала: РР Ричко во Прилеп. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР ЈУНИОР  18:30ч

Сала: Младост во Битола. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

ПРОЛЕТ 62 – РАДОВИШ              19:30ч

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Спаско и Глигор Ќаеви од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

БОРЕЦ – ОХРИД              19:30ч

Сала: Гемиџии во Велес. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Јово Василев од Битола.

МЕТАЛУРГ е слободен