Супер машка лига: Денеска во Битола паѓа одлука за Сеха-лига

Екипите на Еурофарм Работник и Металург денеска од 18:30 часот ќе одиграат натпревар од Супер машката лига од 7. коло и во меѓусебна пресметка ќе го одлучат прашањето за тоа кој состав оди во Сеха-лигата следната сезона.

Со победа составот од Битола ќе заврши голем дел од работата бидејќи веќе успеа да го совлада ривалот и во Скопје, па ќе нема проблеми до крајот за да дојде до 2. позиција. Во спротивно ако Металург успее да се реваншира тогаш трката ќе продолжи до крајот.

Оттаму ова ќе биде интересен натпревар на кој нијанси може да решаваат за тоа кој ќе стигне до бодовите. Сепак, е јасно дека Еурофарм Работник е со мала предност бидејќи игра на домашен терен.

На другиот дуел Бутел Скопје ќе влезе со повеќе шанси за бодови против Пелистер. Тоа веќе го покажа и во Купот кога го совлада истиот ривал, па сега се очекува и да го потврди истото и во првенството.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ

ДВОЈКИ ЗА 7. КОЛО

СРЕДА, 8 МАЈ

18:30ч

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК – МЕТАЛУРГ

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

ЧЕТВРТОК, 9 МАЈ

19:30ч

ПРОЛЕТ – ВАРДАР

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Драган Начевски од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Еурофарм Работник 12 бода (153:124, -1 меч), 2. Металург 12 (181:176); 3. Вардар 9 (95:85, -3 меча); 4. Пролет 6 (147:176); 5. Бутел Скопје 3 (128:130, -1 меч); 6. Пелистер 3 (146:159, -1 меч).