Супер машка лига: Битола денеска има голем градски дуел

Во Супер машката лига следува коло каде што главна е пресметката меѓу тимовите од Битола, но јасно е дека сите четири дуели ќе донесат убави натпревари. Е. Работник и Пелистер се во прв план бидејќи тоа е дуел на две екипи кои претендираат за врвот.

Од друга страна има и дуел на две екипи од Скопје, а тоа ќе биде меч од посебна важност за тренерот Матлиески кој ќе го води Пролет против своите поранешни момци.

Во Радовиш гостува Борец, а ова е шанса за велешани да освојат бодови против радовишани кои почнаа да го губат ритамот. Не им оди најдобро, па така може да се види возбудувачки ракомет

Охриѓани утре можеби се фаворити, но сигурно и тие нема да имаат лесен меч бидејќи прилепчани знаат да бидат квалитетен ривал кој ќе им донесе проблеми.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, 8. КОЛО

САБОТА, 11 НОЕМВРИ

МЕТАЛУРГ 2 – ПРОЛЕТ 62           17ч

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

РАДОВИШ – ГРК БОРЕЦ              18ч

Сала: „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Васе Чавдаров од Богданци.

Е. РАБОТНИК – ПЕЛИСТЕР          18:30ч

Сала: „Младост“ во Битола. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегати: Камер Металари од Скопје и Јован Василев од Битола.

НЕДЕЛА, 12 НОЕМВРИ

ОХРИД – ПРИЛЕП           18ч

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

ВАРДАР ЈУНИОР е слободен.