Супер машка лига: Битката за плеј-оф станува сè пожестока

После десет одиграни кола во Супер машката лига има интересна ситуација во која битката за местата кои водат во плеј-офот е сведена на пет екипи, додека титула на Струга заостанува осум поени од 4. место, па овој тим ќе има навистина тешка задача да се врати во битката за влез во групата која ќе разигрува за титулата со Вардар и со Металург.

Според ситуацијата на табелата Бутел Скопје е пријатно изненадување досега бидејќи има само четири бода помалку од лидерот, додека Пролет и Охрид засега се во трка заедно со Пелистер да го стигнат тимот на Бутел.

Многу појасна слика ќе има после 11. коло кое е предвидено за викендот кога следуваат нови пресметки во Супер лигата и нови возбудувања од кои три со интересни дуели ќе бидат во Скопје.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, 10. КОЛО

РАДОВИШ – ВАРДАР ЈУНИОР  31:19 (ИЗВЕШТАЈ)

СТРУГА – БОРЕЦ              40:22 (ИЗВЕШТАЈ)

ПРИЛЕП – БУТЕЛ СКОПЈЕ            30:38 (ИЗВЕШТАЈ)

ОХРИД – ПРОЛЕТ           23:25 (ИЗВЕШТАЈ)

ЕУРОФАРМ РАБОТНИК– ПЕЛИСТЕР     24:24 (ИЗВЕШТАЈ)

СЛЕДНО, 11. КОЛО (24/25.11.2018)

ВАРДАР ЈУНИОР – СТРУГА

ПРОЛЕТ – ПЕЛИСТЕР

БОРЕЦ – ПРИЛЕП

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД

РАДОВИШ –ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

ТАБЕЛА: 1. Еурофарм Работник 28 бода (325:215); 2. БутелСкопје 24 (298:231); 3. Пролет 21 (297:248); 4. Охрид 21 (285:243); 5. Пелистер 19 (298:268); 6. Струга 13 (267:264); 7. Радовиш 9 (312:327); 8. Вардар јуниор 9 (256:310); 9. Прилеп 4 (249:328); 10. Борец 0 (226:379).