Супер лига 11. коло: Радовиш подобар од Тинекс Пролет

Во македонската Супер Лига во рамките на 11-то. коло, во дуел од средината на табелата, екипата на Радовиш пред домашна публика го совлада Тинекс Пролет со 24:22 ( 14:10). Со оваа победа ракометарите на Радовиш се моментално на четвртото место. Најефикасен во победничкиот тим беше Ивица Илиев со седум постигнати погодоци, кај гостите се истакна Љубиша Димковски со шест погодоци.

Охрид оствари убедлива победа против Преспа со 32:24 ( 14:12). Во следното коло на домашен терен Охрид силите ќе ги одмери со Зомимак од Струмица.

РК Прилеп немаше проблеми против Работнички на свој терен и оствари победа со 30:23 ( 15:11).

Средбата Текстилец – Металург 2 е одложена, а дербито на колото Зомимак М – Пелистер ќе се одигра на 11 декември, поради настап на екипата на Пелистер во Челинџ-купот.

Табела

01. Зомимак М

10

30

02. Металург 2

10

24

03. Прилеп

11

22

04. Радовиш

11

18

05. Охрид 2011

11

17

06. Тинекс Пролет

11

15

07. Пелистер 08

9

12

08. Работнички

11

10

09. Преспа 2010

10

6

10. Текстилец

10

0