Супер лига: Победа на ЖРК Вардар, одлична Сара Митова

Ракометарките на ЖРК Вардар издвојуваа лесна победа против Жито Прилеп во македонската супер лига со резултат 51:18 ( 25:8). Одлични на овој натпревар беа младите надежи на ЖРК Вардар, Митова, Стојановска, Гакидова и Петковска. Сара Митова беше најефикасна на натпреварот со 11 погодоци. Новиот пикер во составот на ЖРК Вардар, Ивана Гакидова постигна шест погодоци, додека Симона Стојановска додаде четири погодоци во листата на стрелци.

Во составот на Жито Прилеп најефикасна беше Ангела Саздова со десет погодоци.

Следен натпревар на ЖРК Вардар е во Лига на шампионите против ЖРК Будуќност од Црна Гора. Натпреварот се игра на 16.11.2014 (недела), од 19.00 часот, во СЦ “Jане Сандански”. Влезниците за овој натпревар се пуштени во продажба.