Супер купот на Србија, алиби на Војводина за поразот од Вардар

Екипата на Војводина дојде во Скопје само два дена после тешкиот натпревар во Супер купот на Србија каде успеа да го совлада Железничар, но момците успеаја да се снајдат одлично на теренот и да дојдат до 26 погодоци против Вардар.

После натпреварот тренерот на гостите го истакна овој момент, но рече и дека е задоволен од прикажаното.

„Му честитам на Вардар за победата и за одличните партии во Лигата на шампионите. Пред два дена игравме во Супер купот, а денеска момците кои не играа на тој дуел покажаа дека можам да сметам на нив. Задоволен сум од она што го покажаа и од начинот на кој играа против тим како Вардар“, рече Ројевиќ.

На ова се надоврза и ракометарот, Немања Ратковиќ.

„Мислам дека прикажавме сосема коректна партиј во еден тежок натпревар. Денеска играа оние играчи кои не можеа да настапат на средбата против Железничар во Супер купот, па не можевме да го дадеме максимумот на овој дуел“, рече Ратковиќ.

Со овој пораз тимот на Војводина остана на една победа, а веќе има четири загубени средби.