Супер Глоуб: Фуксе Берлин ќе ја брани титулата

Ракометарите на Фуксе Берлин ќе ја бранат титулата на неофицијалното светско клупско првенство, Супер Глоуб во Доха, откако германскиот тим славеше во полуфиналето над домаќинот Ал Сад со 23:30.

Домашните се држеа во поголемиот дел од првото полувреме, 7:7, гол  за гол се играше до 11:11, но во финишот ХАнс Линдберг им донесе на „лисиците“ плус 3, 13:16. Во вториот дел Фуксе се одлепи на плус 5, 15:20 во 39 минута и веќе немаше дилеми околу конечниот победник, па до крајот само се зголеми разликата за одлични 23:30.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ханс Линдберг со 8 голови, и Игнасио Плаза со 5, додека во тимот на Ал Сад по 4 голови дадоа Ал Карби, Боу и Али Сид. Противник на Фуксе Берлин во борбата за титулата ќе биде Барселона.