Супер Глоуб: Вардар против Ал Сад во борба за бронза и 150.000 долари

Противник на европскиот шампион Вардар во борбата за третото место на неофицијалното светско клупско првенство, Супер Глоуб, ќе биде катарскиот тим Ал Сад, кој е практично домаќин на овој турнир.

Катарците загубија од бранителот на титулата Фуксе Берлин со 30:23 и ќе мора да се задоволи во борбата за бронза, но и за 150.000 американски долари. Претходно во четвртфиналето на Супер глоуб, Ал Сад лесно го победи австралискиот Сиднеј.

Победникот на Супер Глоуб ќе добие 400.000 долари, второпласираниот – 200.000 долари, за третиот следуваат 150.000 длари, додека 40.000 е наградата за четвртопласираниот, додека помали награди ќе има и за тимовите од 5 до 8 место.