Супер Глоуб: Барселона и Ристовски станаа светски шампиони

Минатогодишниот шампион Фуксе Берлин не успеа да ја одбрани титулата на неофицијалното светско клупско првенство. Пред „лисиците“ се испречија каталонците и македонскиот голман Борко Ристовски кои славеа со 29:25.

Клучен играч беше голманот Перез де Варгас кој овозможи на Барселона на стартот да поведе со 5:1, а потоа ја одржа предноста до полувремето 15:12. Во вториот дел Фуксе Берлин се доближи и не само што израмни, туку и поведе со 17:18. Но по тајм аутот на Пасквал, Барса се врати во игра, ја врати и предноста и до крајот рутинирано ја одржа за конечни 29:25.

Со овој трофеј, Барса стана тимот кој три пати го освои Супер Глоуб, а по две титули имаат Фуксе Берлин и Сиудад Реал, кој веќе не постои.