Супер возбудлив натпревар на стартот на ЕП: Србија без ѕвезди до прва победа

Честа да го отворат првиот натпревар на Европското првенство им припадна на репрезентациите на Србија и Словенија. Србија ја имаше иницијативата во најголемиот дел на првото полувреме кое на крај заврши со минимална предност за нив 17-16. Во вториот дел Србија имаше позитива од четири погодоци но во последните пет минути натпреварот беше изедначен 32-32. На крајот Словенија немаше сили и им дозволи на Србинките да се радуваат на првата победа со резултат 36-34.

 

Србија преку Лавко и Радосавлевиќ го отвори резултатот на овој натпревар, а Словенија до првиот погодок дојде преку Јеричек по пет минути игра. Крхилкар го изедначи резултатот во 8та минута по што Србија направи серија од 3-0. На средина на првиот дел Словенија имаше негатива од 2 погодоци благодарение на Ирман која беше успешна во  контра нападот на Словенија. Мавсар го врати резултатот во егал 9-9 во 18та минута со што ја принуди Драгица Ѓуриќ да повика тајм-аут за својата репрезентација. Советите вродија со плод и Србија постигна две последователни погодоци, а повторно Мавсар на 5 минути пред крајот на првиот дел го изедначи резултатот 13-13. Барбара Лазовиќ ја поведе Словенија во прво водство во 29минута но Радосавлевиќ и Столковиќ брзо возвратија за 17-16 во првиот дел.

 

На стартот на вториот дел,  Грос постигна два гола и Мавсар еден со што за само три минути Словенија го превзеде водството 19-17. Србинките преку Ѓорѓиев изедначија, а Поп Лазиќ за кратко ја врати Србија во позитива 21-20. Србија продолжи со добрата игра и преку Обрадовиќ дојде до 29-25, но Словенија успеа брзо да ја намали предноста 29-27. Во последните 10 минути Србија влезе со позитива од 3 погодоци, но советите на Бргеар ја вратија Словенија комплетно во игра преку деветиот погодокот на Мавсар и изедначувачкиот погодок на Ирман. Србинките дојдоа уште еднаш дојде до два погодоци предност,а промашениот седмерец на Мавсар значеше крај за надежта на Словенија за конечни 36-34 за Словенија.

Најдобар стрелец во таборот на Србија беше Радосавлевиќ со 8, додека кај Словенија Мавсар постигна 9.

Вториот натпревар од групата А е на програмата денес од 18 часот и силите ќе ги одмерат домаќинот Шведска и Шпанија.