Суперлигашкиот викенд е полн со дерби дуели

После две кола во кои имаше неколку интересни средби на врвот на табелата во Супер машката лига се наоѓа екипата на Радовиш која има две минимални победи. Распоредот е таков што на тимот му носи ново дерби кое ќе биде одиграно во салата 25 Мај во Радовиш, а таму Еурофарм Работник ќе има навистина тешка задача за да успее да се избори за нови бодови.

Викендов во 3. коло ќе има и други интересни средби коишто исто така се дерби дуели. Во Велес тимот на Борец ќе го пречека Прилеп, додека во Скопје играат Пролет и Пелистер. На сите дуели ќе има максимално возбудување така што неизвесноста се очекува да биде присутна на секој од нив и секој од натпреварите вреди да се погледне од трибините.

СУПЕР МАШКА ЛИГА, 3. КОЛО

САБОТА, 30 СЕПТЕМВРИ

РАДОВИШ – ЕУРОФАРМ РАБОТНИК    18:00ч

Сала: 25 Мај во Радовиш. Судии: Глигор и Спаско Ќаеви од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

ГРК БОРЕЦ – ПРИЛЕП 2010         19:00ч

Сала: Гемиџии во Велес. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Васил Чавдаров од Богданци.

ПРОЛЕТ 62 – ПЕЛИСТЕР               19:30ч

Сала: „Македонско сонце во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делагат: Русе Наумовски од Скопје.

НЕДЕЛА, 1 ОКТОМВРИ

МЕТАЛУРГ 2 – ВАРДАР ЈУНИОР              14:00ч

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ОХРИД е слободен.