Сулиќ: Сабате е виновен што Веспрем не освои ништо, да имавме атмосфера како Вардар ние ќе бевме на врвот

Хрватскиот инернационалец во редовите на Веспрем, Ренато Сулиќ, во интервју за медиумите во неговата земја ја откри причината за слабата сезона на унгарскиот тим. Иако Веспрем ги освои двете домашни титули, на меѓународна сцена тимот одигра повеќе слаби натпревари и против послаби и против посилни противници. Во СЕХА Лигата загубија од Вардар во финалето, а во Лигата на шампионите беа елиминирани во полуфиналето од ПСЖ. Сулиќ вели дека единствен виновник за тоа е сега веќе поранешниот тренер Чави Сабате.

„Можевме и моравме да направиме многу повеќе од третото место во Лигата на шампионите и од второто во СЕХА Лигата. На завршниот турнир во ЛШ не влеговме во финале, а со оглед на играчкиот кадар кој го имавме, моравме да играме барем финале. Се чини дека најголем виновник за слабите резултати и лошата атмосфера во соблекувалната е тренерот Чави Сабате, кој си замина на крајот од сезоната. Не сум премногу задоволен, затоа што мислам дека требаше да играм многу повеќе. Што да се каже за тренер кој игра само со еден десен бек, Ласло Наѓ, а на трибини ги остава Марко Копљар и Габор Анчин. Не можам да објаснам зошто Копљар не му се допаѓаше. Потоа се создаде таа лоша атмосфера и лошиот однос меѓу тренерот и некои играчи. Да имавме атмосфера како што имаше Вардар, ќе бевме сигурно на врвот.“ – изјави Сулиќ.