Сузан Милер пристигна во Вараждин: Германија се засилува пред одлучувачкиот дуел со домаќинот

Добра вест за репрезентацијата на Германија, првата и единствена опција на позицијата десен бек, ракометарката на Ѓер, Сузан Милер се приклучи на репрезентацијата во Вараждин.
Милер се опоравува по скршеница на прстот на раката, тренира под посебен режим и не е во оптимална натпреварувачка форма, но неочекуваниот пораз од репрезентацијата на Холандија го натера селекторот на последен очајнички потег. Досега одличниот лев бек Миневскаја принудно играше на таа позиција, но во играта на Германија недостигаше опасност од десната страна, а тоа умешно го искористија холанѓанките.
По поразот на Хрватска од Шведска, домаќинките на натпреварот против Германија мора да се надминат себеси и да ја искористат последната шанса за место во втората фаза на натпреварувањето.
Во иста позиција е и Германија, а дали Милер ќе заигра на утрешниот натпревар против Хрватска, ќе одлучи стручниот штаб на Германија, во консултации со Милер.