Струшкиот турнир догодина со јужна трибина

По трите натпреварувачки денови, денес во три термини ќе се решава распоредот на екипите на 42-то издание на меѓународниот ракометен турнир Струга.
Претседателот на огранизацискиот одбор на „Струга 2014“, Лилјана Затуроска, околу очекувањата на ракометната публика за проширување на капацитетот на спортскиот комплекс „Женска плажа“ во изјава за 24ракомет околу пролонгирањето на градежните работи нагласи:

Околу изградбата или поставувањето на јужната трибина, тендерот е завршен, надзорниот одбор избран, меѓутоа имаме некои проблеми со локалната самоуправа и чекаме одобрение за градба, значи тука се кочи. Јас се надевам дека ќе ги надминеме сите недоразбирања со градоначалникот и за брзо време ќе ја добиеме дозволата, за веќе на наредниот ракометен турнир да ја добиеме јужната трибина.

Турнирот со проширувањето ќе добие и на естетски и на технички план, а за тоа дали ќе ги видиме најдобрите европски екипи на идниот турнир, со одговор:

Рано е да се одлучи уште од сега, меѓутоа имаме веќе интерес од екипи кои веќе учествувале на претходните меѓународните турнири, така да не би можела во овој момент да кажам кој се ќе учествува наредната година, плановите се долгорочни и планираме овој меѓународен турнир да биде еден репрезентер на Струга како град на туризмот и како спортски град, не само во Македонија туку планираме да го прошириме тоа во Европа и пошироко во рамките на нашите можности.

Струга вечер со големото финале од 21:05 ја завршува ракометната приказна до наредната сезона кога се очекува 43-тиот меѓународен ракометен турнир да го добие очекуваниот сјај и место на ракометната карта на Европа.