СТРУМИЧАНИ ЌЕ ГЛЕДААТ СЕХА ВО “ПАРК” (ВИДЕО)

Челниците на СЕХА Гаспром лигата сепак одлучија натпреварите на македонскиот вицепрвак во регионалното натпреварување да се одиграат во матичната сала “Парк” во Струмица. Бројните забелешки на условите кои ги нуди најголемата спортска сала во Струмица се минато и Струмичани наместо најавеното деби во Скопје првиот натпревар против Војводина ќе го одиграат пред своите навивачи. Историскиот настап на рисовите ќе биде магнет за љубителите на ракометот во јужниот дел на Македонија, а најавата за првите две кола можете да ја погледнете на видеото подоле.