Струмичани обезбедија место во ЕХФ купот

Со вчерашната победа над Охрид, струмичките рисови завршија на третата позиција оваа сезона во македонскиот шампионат. Иако охриѓани се обидуваа и даваа големи напори да дојдат до посакуваната победа, сепак ракометарите на Макс Струмица не дозволија да има никакво изненадување на домашен терен.

Првото полувреме заврши со три голови позитива за домаќините 12:9, а веќе во второто полувреме имаа постојана предност од три гола, за на крај да слават со пет голови разлика, 28:23.

И покрај големите турбуленции што ги имаа оваа сезона, сепак на крајот струмичките рисови покажаа и докажаа дека повторно се дел од најдобрите три екипи во македонскиот машки ракомет. Како трето пласирани, веднаш зад Металург и Вардар, ракометарите на Макс Струмица ќе имаат право на настап на евросцената, односно во ЕХФ купот.