Струмичани не го повторија успехот од минатата евро-сезона: Горник ги сруши надежите на Зомимак

Во реванш дуелот од првата квалификациска група во ЕХФ купот, екипата на Зомимак М повторно е поразена од полската екипа Горник Забрже со 27-34.
По првиот натпревар во Полска шансите за македонскиот тим беа минимални бидејќи се вратија во Струмица со 11 голови негатива 36-25. Дека недостасува вистински засилувања во екипата на струмичани, беше јасно по заминувањето на Раде Стојановиќ, но тоа беше евидентно на возвратниот меч во кој гостите повторно доминираа. Пред околу 600 љубители на ракометот третата екипа во македонското првенство, по триесет минути игра имаше негатива од четири голови разлика по што веќе беше познат победникот на овој двомеч. Пољаците го добија и второто полувреме, па со импресивни 18 голови предност одат во следното квалификациско коло каде ќе се сретнат со СКА Минск од Белорусија.
Најпрецизни во тимот на Зомимак беа Чантурија и Везенковски со шест погодоци, додека во победничката екипа, Татаринчев исто така постигна шест погодоци.