Стружанка го предизвикува лидерот Металург

Денеска е ракометен ден во Струга бидејќи во само 2-3 часа ќе има две интересни средби. Покрај Купот во машка конкуренција за денеска е предвиден и дуел од 5. коло од плеј-оф лигата кај дамите.

Стружанка го пречекува составот на Металург и ќе се обиде да го повтори успехот од регуларниот дел. Иако ќе биде потешко, сепак, може да се очекува интересен натпревар во кој и домашните ќе имаат што да покажат и да ги испотат добро лидерките во плеј-оф групата.

ЖЕНСКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО

САБОТА, 20 АПРИЛ

15:30ч

СТРУЖАНКА – МЕТАЛУРГ

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Михајло и Методија Илиевски од Битола. Делегат: Васил Зипевски од Гостивар.

НЕДЕЛА, 21 АПРИЛ

17:30ч

ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

КУМАНОВО е слободно

ТАБЕЛА: 1. Металург 27 бода (299:244); 2. Куманово 22 (322:289); 3. Пелистер 12 (282:293); 4. Стружанка 12 (252:310); 5. Вардар 10 (275:294).