СТРУГА 2019: Ноќта кога А.Е.К. го крена трофејот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со мечот меѓу Еурофарм Работник и АЕК синоќа финишираше 47. издание на Струшкиот турнир. Тимот од Грција беше подобар во финалето и славеше со 27:23.

Имаше интересен ракомет, а првпат една екипа од Грција дојде до триумф на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“. Во финалето имаше интересен ракомет во кој гостите постојано беа во предност.

Како изгледаше прославата после финалето можете да видите во продолжение низ фотографиите.