СТРУГА 2017: Шарт со висока победа на стартот

Во премиерниот натпревар од 45. издание на традиционалниот струшки турнир, ракометарите на Шарт, кои лани беа победници, без проблеми славеа на домашниот тим на Струга со убедливи 16:34. Гостите отворија со водство од 0:3, пред Нацев и Дукоски да намалат на 2:3. Некокуте грешки во нападот и избрзаните шутеви, на кои се надоврзаа одбраните на искусниот Небојша Граховац, беа доволни за Шарт да се одлепи на 3:8 во 11 минута.

По 6:12 во 18 минута, францускиот тим постигна уште 4 голови во серија за највисоки плус 10, 6:16. До крајот на полувремето погодуваше најистакниот во францускиот состав, Футрие за конечни 9:17 на паузата. Во второто полувреме шанса добија сите ракометари од клупите на двата тима, но на теренот работите не се променија. Гостите константно само ја зголемуваа разликата, и покрај тоа што голманот Затаракоски имаше одлична партија на домашниот гол.

Црвен картон доби Рош од составот на Шарт поради три исклучувања, но тоа не беше проблем за францускиот тим, бидејќи имаат долга клупа и го заокружија мечот со победа од 16:34. Најдобар стрелец во домашниот тим беше Томе Нацев со 7 голови, а Слободан Новаковиќ даде 3, додека во составот на Шарт се истакна Футрие со 7 голови, додека Чам даде , а Детре 5.

12 август

Шарт – Струга 34:16

21:15 Бешикташ – Алингсас

13 август

19:00 Бешикташ – Охрид

20:45 Металург – Шарт

14 август

19:00 Металург – Струга

20:45 Алингсас – Охрид

15 август

18:00 меч за петто место

19:45 меч за трето место

21:30 финале