СТРУГА 2017: ШАРТ Е (СТАРО) НОВИОТ ШАМПИОН

Во својот втор обид францускиот прволигаш оваа година ја понесе втората титула на ракометниот турнир Струга. Во големото финале на најстариот ракометен турнир во Македонија, Шарт го совлада Бешикташ со 26-29.

Бешикташ го отвори резултатот на овој натпревар, а минималната предност ја одржуваа до средината на првиот дел. Актуелниот освојувач на струшкиот турнир, составот на Шарт со низа од три погодоци го превзема водството и дојде до првите +3 за една од екипите (8-11).  Последниот период од првиот дел им припадна на турските прваци, Сретеновиќ, Озбахар и Доне ги вратија „црно-белите“ во водство на овој дуел, но предноста не успеаа да ја задржат. Во самиот финиш Шарт со два погодока во низа замина на полувреме со минимална предност од 13-14.

Во вториот дел  Шарт беше екипата која ја превзема иницијативата и го диктираше темпото. Токму тоа беше причина за резултатот 14-17 по пет минути игра. Средината на вториот дел овојпат им припадна на Турците, а серијата од 3-0 ја крунисаа со минимална предност од 17-18. Но ниту тука не беше крајот на возбудувањата. Во последните 10 минути двете екипи влегоа со изедначени 25-25, иако Бешикташ имаше предност од два погодока во текот на целото полувреме.

Во последните пет минути резултатската нишалка ги донесе Шарт во минимална предност, која во 60та минута Един Башиќ ја претвори во +3, со два гола во низа за конечни  26-29.