СТРУГА 2017: Охрид беше во игра 45 минути, но Бешикташ славеше и ќе игра финале

На првиот дуел од вториот ден на 45. издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга, ракометарите на Охрид се поразени од учесникот во ЛШ, Бешикташ со 32:24. Во првиот дел најчесто се играше гол за гол, а охриѓани беа тие што водеа со 0:1, па 1:2, 2:3, пред Турците со 2 гола во серија да поведат за првпат со 4:3. Бешикташ се одлепи и на 6:4.

Голманот на охриѓани, Благојче Трајкоски блескаше на голот и македонскиот тим израмни на 6:6. Беше и 8:8, пред Охрид да се одлепи на 8:10, па 9:11 во 23 минута, а предноста ја намали Крсманчиќ во последната секунда од првиот дел на 12:13.

Во вториот дел, Охрид го одржуваше водството од 2 гола се до 41 минута, кога беше 17:19. Тогаш на теренот влезе Прибак се разбрани Мустафа, па Бешикташ со серија од 3 голови поведе со 20:19. Охрид израмни од пенал преку Кобетиќ на 20:20.

По 22:20 за Турците, Охрид намали на 22:21, но потоа Бешикташ се одлепи на 25:21 во 50 минута. Бобан Блажески стрелаше за 25:22, но тоа беше се од охриѓани и до крајот играше само еден тим, Бешикташ кој победи со убедливи 32:24. Најдодбар стрелец во победничкиот тим беше Рамазан Доне со 5 голови, додека кај Охрид се истакна Марко Кобетиќ со 7. Со ова победа Бешикташ е првиот финалист.