СТРУГА 2017: Металург загуби од Шарт, ќе игра само за трето место

Во финале пред финалето, ракометарите на Металург и Шарт одиграа интересен натпревар, во кој минатогодишниот освојувач на турнирот го диктираше темпото и на крајот оствари убедлива победа со 22:28.

Откако на стартот направија предност од 0:3. Лино Червар комбинираше со составот но тоа не му донесе некој поволен резултат и се што направи неговиот тим беше тоа што намали на 4:5 во 15 минута, а потоа се беше во знакот на Шарт до крајот на полувремето, 12:17.

Металург намали на 16:17 во 37 минута, но по неколку грешки на тимот на Червар, Шарт пак се одлепи на 16:19, а беше и 17:20. По француската предност од 18:21, Металург заигра подобро и во 4 минута со серијата од 4 голови предводена од Жарко Пешевски стигна до 21:21.

За првото водство на мечот за македонскиот тим се погрижи Божо Анѓелиќ со голот во 4 минута, 22:21. Молини постигна 3 голови во серија и Шарт направи пресврт, 22:24, а се надоврза и босанскиот голман Граховац, па Французите отидоа на плус 4, 22:26 во 56 минута.

Постот без гол на Металург продолжи до крајот, цели 12 минути, а Шарт погоди уште два пати за конечни 22:28. Најдобар стрелец во Металург беше Пешевски со  голови, а Анѓелиќ даде 5, додека кај францускиот тим се истакна Фабио Магалаеш со 6 голови.