СТРУГА 2017: Алингсас поуспешен од домаќинот за петто место

Во првиот натпревар од финалениот ден на 45. интернационален ракометен турнир Струга 2017, шведскиот вицепрвак Алингсас беше поуспешен од домаќинот Струга 2017 со 18-46 и го освои петтото место.

Уште на самиот почеток Швеѓаните создадоа предност од 1-4, а разликата постојано се зголемуваше. Во 19та минута Алингсас веќе имаше двоцифрена предност од 5-15 која до крајот на првиот дел се зголеми на 9-26.

Во вториот дел Алингсас продолжи да го зголемува водството и само по пет минути во второто полувреме дојдоа до предност од +20 (9-29), по што натпреварот беше решен. По два порази од Бешикташ и Охрид, Швеѓаните со рутинирана игра ја забележаа првата победа на турнирот во Струга со конечни 18-46 вредна петто место.

Најпрецизен во составот на Алингсас беше Теландер со 9 голови, а го следеше Берг со 6 погодоци. Кај Струга најрасположен беше Нацев со 4, додека Бајрамовски постигна 3.