Струга убедлива против Борец

Екипата на Струга на свој терен успеа целосно да го совлада убедливо и онака веќе испаднатиот Борец со 41:23. Уште пред почетокот се знаеше кој е фаворит на средбата и истата помина во комплетна доминација на домашните кои беа за неколку класи подобри од противникот.

Домаќинот уште во првите моменти ја реши средбата, а на полувреме имаше огромни 22:11. До крајот седумте играчи на тимот од Велес немаа на што да се надеваат и ја доживеаја истата судбина што ги снаоѓа цела сезона.

Христијан Крстаноски беше најдобар стрелец со осум гола, додека со седум му се придодаде Петар Маркоски. Лазар Стојанов со осум и Стефан Дамески со шест беа најуспешни ракометари на Борец. Во плеј-аутот ситуацијата е јасна. Струга е два бода позади првопласираниот Охрид, а Борец следната сезона ќе ја мине во Првата лига.