Струга запиша лесни три бода против Радовиш

Второ пласираната екипа на плеј-аут табелата во Суперлигата забележа нова победа. Во 6. коло во Струга гостуваше Радовиш кој си замина со полна мрежа. Домаќинот славеше убедлива победа 41:25.

Струга тешко го кршеше отпорот на Радовиш во почетната фаза од натпреварот. Гостите добро се држеа во текот на првото полувреме и оддржуваа резултатски приклучок. По првите 30 минути домашните имаа водство од само три гола, 18:15.

Тимот предводен од Каланоски веднаш на почетокот на вториот дел се одлепи на доволна предност за да одигра мирно до крајот на натпреварот. Предността на домашните постојано растеше, а во последниот дел од мечот со две серии од 5:0 и 6:0 стигнаа победа со огромна разлика.

Најефикасен во тимот на Струга беше Христијан Крстаноски кој постигна седум гола, а втор стрелец со шест голам беше Ненад Костески. Во поразената екипа најдобар стрелец беше Кристијан Ристов со девет гола.