Струга го совлада Пролет во Скопје, но загуби дома од Вардар јуниор

Ракометарите на Струга во подготовките за новата сезона одиграа две контролни средби во два дена кои завршија со различен епилог.

На гостувањето во Скопје, кај составот на Пролет екипата на Струга дојде до триумф од 29:25 во меч во кој уште во првите 30 минути создаде предност од четири гола.

Вчера, пак, на отвореното игралиште каде што се одржуваат натпреварите на Струшкиот турнир, Вардар јуниор се покажа во подобро издание. Тимот од Скопје победи со 26:23 со што покажа дека во новата сезона ќе биде доста интересно во битката за што е можно подобар пласман.