Струга ги отвора вратите за сите ракометни сладокусци

Денес со прес конференција на терасата на хотелот Дрим, беше означен почетокот на четридневното ракометно уживање во Струга. Четириесет и второто издание на интернационалниот турнир ќе ги понуди екипите на Металург и Вардар како домаќини на Азоти Пулави од Полска, Санкт Петербург од Русија, Металопластика од Србија, Кретеј од Франција и екипите на Струга и Металург Кадети кои ќе настапат во ревијалниот дел пред церемонијата на свечено отварање закажана за 18:45.

Директорот на рускиот вицепрвак Санкт Петербург, Сергеј Зиза, во првото обраќање пред македонските медиуми изјави:

DSC_0118

Од нашите ракометни пријатели слушнавме дека овој турнир е одличен, со тимови кои учествуваат традиционално секоја година. Затоа кога ни се укажа можноста да учествуваме во Струга ни беше многу драго. Овој турнир е на многу високо ниво и среќни сме што сме тука.

Тренерот на Металопластика Славко Новаковиќ, во официјалното обраќање додаде:

DSC_0123

Тука сум повторно после 10 години, а учествував на овој турнир пред 25 години како играч, сакам да се заблагодарам на организаторите, кои препознаа дека ние бевме еден од првите учесници на овој турнир и сега дојдовме да учествуваме на еден реномиран турнир со многу квалитетни екипи. Сметам дека до некаде заслуживме да бидеме тука и се надевам ќе ја оправдаме довербата која ни ја даде организаторот.

Драган Марковиќ, тренер на полската екипа Азот:

DSC_0124

Пред месец дена го превземав Азот Пулави како тренер, а во 1986-87 ја имав честа и среќа да настапувам тука како играч,многу сум почестен што повторно ќе учествуавм на овој турнир и ви се заблагодарувам на поканата.

Менаџерот на Кретеј, Бенџамин Павони во изјавата напомена за значењето на овој дел од подготовките:

DSC_0128

Многу сум среќен што учествувам на овој турнир, во фаза сме на создавање на нова екипа која би се натпреварувала на многу високо ниво, затоа и овој турнир е одлична можност и потврда за квалитетот на екипата во споредба со останатите екипи.

За екипата на Металург зборуваше Наумче Мојсовски:

DSC_0132

Чест ми е да настапувам на овој струшки турнир како и на сите стружани. Екипата има неколку нови имиња и ова ќе биде убава можност за воигрување на екипата. Но со самото наше учество се надеваме и на највисок пласман.

Денес на програмата се натпреварите меѓу екипите на Металург и Кретеј, а во вечерниот термин Металопластика и Санкт Петербург. Екипата на Вардар ги започнува своите натпревари од утре 14.08.2014.