Струга без мака против Делчево

Ракометарите на Струга по поразот во Скопје од Бутел минатото коло, се вратија на победничките патеки во Првата Лига, откако славеа на домашен терен над Делчево Вардар со убедливи 40:26. Гостите имаа во ростерот само 11 ракометари, па не можеа да направат нешто повеќе на овој дуел.

Само на стартот беа конкурентни и водеа со 1:4, домаќинот стигна до 4:4. Делчево повторно водеше со 4:5, па 6:8, но тука некаде застанаа избраниците на Горан Велков. Струга направи серија од 4 голови за 10:8, а комплетниот пад се случи по 13:11, кога домашните со 8 голови по ред заминаа на пауза со високи 21:11.

Вториот дел беше чиста формалност и немаше многу возбудувања, па разликата порасна на 16 разлика, се до конечни 40:26. Најдобри во домашниот состав беа Цветан Кузманоски со 8 и Томе Нацев со 7 голови, додека кај Делчево се истакна Гоце Ѓорѓиевски со 10 погодоци.