Стрелците кај прволигашите расположени за голови во новата сезона

Пред одигрувањето на средбите од 2. коло во Првата машка лига може да се погледне во листата на стрелците каде што има дури тројца ракометари кои првиот меч го завршија со двоцифрен број на голови.

Ѓорѓиевски од Делчево Вардар, Анѓелковиќ од Риниа М и Гичев од Металург јуниор имаа свои денови, па тие се на првите три позиции што е најава за интересен викенд после кој сигурно ќе има поинаков распоред на силите на листата на стрелците кај прволигашите.