Стрезовски: Tренер без Мастер лиценца нема да може да води суперлигашка екипа

Во СЦ „Борис Трајковски“ се одржа конференција на ракометните тренери организирана од страна на Ракометната Федерација на Македонија на неколку теми, меѓу кои најважна беше „Перспективите и можности за развој на ракометот во младите категории“, а се говореше и за стручноста на тренерскиот кадар во Македонија. Најпрво се обрати претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, кој говореше за идните акции на федерацијата во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт.

„Идејата за денешниот собир е она што повеќе време го договараме. Нивото на кое сме дојдени од аспект на работа со млади категoрии, а посебно не загрижува делот за женски ракомет. Треба да ги отвориме сите, и добри и лоши страни и да пробаме да најдеме, како може овие сегменети да ги подобриме во иднина. Ние сме свесни дека Македонија е мала земја, која нема којзнае каква економија, Но сепак сметам дека со добра организација со едно заедничко тимско работење, на сите оние кои учествуваат во градењето на овој спорт да направиме успеси. Кога дојдовме да раководиме со РФМ, наша интенција беше да ги мамалиме сите трошоци на клубовите, освен во Суперлига, на сите други натпреварувања федерацијата ги покрива трооците. Една работа се финансисите, друга работа е организацијата, па се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри на ова поле.“ – изјави Мукаетов.

На конференцја се обрати и директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Дарко Каевски, кој упати благодарност до РФМ за досегашната соработка и најави нови идни проекти што треба да се реализираат со заеднички сили.

Се обрати и Претседателот на ЗГРМ, Гино Стрезовски, кој најави неколку нови прокети.

„Се надевам дека ќе тргнеме од мртва точка кај тренерите. Со РИНК конвенцијата повеќе наши тренери заминуваа на семинари. Една од нашите следни планови е да организираме Ракометен фестивал во Охрид, со поддршка од РФМ, од Агенцијата за млади и спорт. Формирана е работна група која ќе работи на организација на овој проект, која ќе посетува тренинзи, ќе разговара со тренерите, ќе дава свои идеи. Целта ни е да направиме систем по кој ќе работиме сите барем 60%, а останатите 40% ги оставаме на самите тренери. Во Суперлигата ниту еден тренер нема да може да ја води екипата ако нема Мастер лиценца. Имаме уште доста работи што треба да ги оствариме.“ – изјави Стрезовски.