СТРАХИЊА „ЏАМБО“ МИЛИЌ: ВАРДАР НА СЕКОЈ НАТПРЕВАР ОДИ НА ПОБЕДА!

Во пресрет на утрешното дерби од групата Б против Рајн Некар Ловен, повратникот во првиот тим на Вардар голманот Страхиња Милиќ говори за очекувањата од утрешниот натпревар.

Страхиња Милиќ:

Утре не очекува тежок натпревар. Екипата на Рајн Некар Ловен игра во фантастична форма, тоа го видовме и на натпреварот против Кил. Имавме некој проблеми со повреди, но тоа е зад нас и подготвени го очекуваме утрешниот натпревар. Го анализиравме противникот и мислам дека ќе излечеме поволен резултат. Вардар на секој натпревар оди на победа, па така ќе биде и сега.

СО КОМИТИ НА ТРИБИНИ СЕ Е ПОИНАКУ

Посебно ми е драго што Комитите повторно се враќаат на нашите натпревари. Кога се тие на трибините натпреварот добива друга димензија. Нивната подршка ни дава крилја и се надевам дека сите заедно ќе се радуваме на крајот на натпреварот.