Стојчевски му донесе победа на Ферндорф

Македонскиот интернационалец Никола Стојчевски имаше клучна улога во новата победа на Ферндорф над составот на Хам Вестфален со 36:35, во рамките на натпреварот од 16 коло во Втората Бундес Лига.

Стојчевски постигна 4 голови на овој дуел, а подели и 3 асистенции до соиграчите. Неговите голови во финишот, за 25:24 и за 26.25, беа клучните со што беше обезбедна нова победа за Ферндорф.