Стојчевски го наполни голот на Дитхајм

Македонскиот интернационалец Иван Стојчевски беше најдобар поединец во тимот на ТВ Бретен, но сепак немаше голема помош од соиграчите и беа поразени на домашен терен од ХСГ Дитхајм, во 7 коло од регионалните лиги на Германија.

Стојчевски постигна 8 голови, но тоа не беше доволно да се избегне поразот со 22:24. Поранешниот кадетски репрезентативец и ракометар на Младост лани за прв пат стана интернационалец и настапува за ТВ Бретен во одлична форма.