Стојковиќ: Бевме подобар тим, во победа не спречија некои „виши сили“!

На прес конференцијата по натпреварот забележлива беше нервозата кај кружниот напаѓач во редовите на Мешков Брест, Растко Стојковиќ, кој по натпреварот имаше нерасчистени сметки со дел од ракометарите на Металург.
Српскиот репрезентативен пикер кратко изјави:

Денес реално бевме подобра екипа барем за 6-7 голови, но виша сила не ни дозволи да победиме. Во секој случај им честитам на момците за прикажаната игра.

На што искусниот стратег на Металург, Лино Червар, му реплицираше дека не знае точно за какви „виши сили“ стаснува збор, дали за тие од Загреб, за оние од Мешков или овие од Скопје.